27.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаОва е „спорната“ фризура поради која 10 годишното момче од Миравци било...

Ова е „спорната“ фризура поради која 10 годишното момче од Миравци било прекорувано во училиштето, по што тоа самото се потстрижа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неговата мајка, чиј идентитет е познат на редкцијата на Канал 5, но нема да откриеме поради заштита на детето, сведочи за трауматичните случувања. Таа вели, на првиот училишен ден петооделенцот, имало коса собрана во уредно репче, но во холот каде се подготвувала претстава било забележано од директорката на училиштето Св. Климент Охридски Каролина Димитрова и веднаш почнале неговите проблеми.. Директорката и класниот раководител прво му ја одврзале косата на момчето, ја тегнеле да ја видат должината, а потоа случката завршила со препорака и критика утре на училиште да дојде средено. Момчето ништо не кажало дома, а мајката дознала за настанот по телефонски повик од класниот раководител.

<

Директорката на училиштето му се обраќа на детето со зборовите, не си ти девојче да доаѓаш со реп, утре да дојдеш среден на училиште, сето ова се случува во просториите на училиштето и училишниот хол, без јас како родител да бидам известена што му се прави на беспомошно исплашено дете, само, застанато помеѓу два авторитети и кое не може само да се справи со ситуацијата. Додека течеше разговорот, без да забележам, детето застанало зад мене и го слушнало разговорот со наставничката. Со трчање отиде во купатило и со плачење сам си ги пресече шишките напред од страв.

По телефонскиот разговор, мајката имала и средба со директорката и со педагогот, но ниту таа не помогнала.

Повторно педагогот ми се обрати со зборовите, цитирам, „бре жено, разбери не може, ако ти сега му дозволуваш на дете каква сака фризура да има, само затоа што така сака, дали утре би дозволила да се дрогира.

Мајката сепак вели дека по ова испратила допис до МОН, но никогаш не добила одговор, а воедно целиот случај се претворил во голгота, па барајќи епилог завршиле во институционален лавиринт. Дополнително, на социјалните мрежи секојдневно се соочуваат со стигматизирање и навреди, а за тоа не добиле помош од полиција при пријавата.

Државен просветен инспекторат не констатираше неправилност, кога го контактирав и прашав, каде можам да пријавам недолично однесување на вработени во училиштето, ми одговори, а како ќе докажеш кога тие се мнозинство и ќе бидат против тебе. Министерство за образование никогаш не ми одговори, ги контактирав преку нивната веб-форма.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорката Димитрова, но таа не одговори ниту на повиците ниту на пораките за да го каже својот став. Министерката за образование пак Весна Јаневска, пак, тврди дека немало претставка до МОН, но е запознаена со настанот кој смета дека не требало да се случи.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација во случајот, а училиштето доби препораки кои треба да ги следи, во спротивно ќе заработат прекршочна пријава.

Во целиот случај се вклучени и од детската амбасада Меѓаши, за кои мајката вели дека по утврдената дискриминација, повторно ќе се обратат до Народен правобранител, кој претходно не видел потреба за постапување, оти детето се подстрижало дома…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...

Телеком Италија ги купи Сказните на Биби

Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија...

Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница– Затекна нечовечки услови за живот

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Констатирани се сериозни предизвици во...

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...