33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКуратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА

<

Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500 години) но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години . Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган .
Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од ентузијастите –волонтери од здружението “Св Василиј” од с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.
Традиционалниот дел остана оригинален, пренесуван од колено на колено, кој почнува на 13 ти јануари оваа година околу 16 часот со зетот, невестата, бајачот валегачот, музикантите и учесници кои секој на свој начин маскирани тргнуваат во посета на сите домаќинства за бркање на лошите работи од домот и носење радост во домовите, предвидено е поворката да заврши околу 23:30 по што заедно со групата и селаните ќе има заеднички собир на курајчкото сретсело.
Главната манифестација, односно карневалот под маски е предвидено да започне 14.01 од 19 часот , што ќе кулминира со главното дефиле под маски по што ќе бидат прогласени и најуспешните маски. За посетителите да им биде вечерта повесела програмата ќе ја водат Маја Бимбилоска и “чудниот” “ Wik Kakarotski” со група Маестрал, Василија Петрова и Методија Столески, а како фил на карневалот ќе биде богатиот огномет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...