27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаТрајче Заев му ги продаде сите акции на Вице Заев во струмички...

Трајче Заев му ги продаде сите акции на Вице Заев во струмички „Герас Цунев“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев целосно го презеде двете струмички компании „Герас Цунев конфекција“ и „Герас Цунев трговија“.

<

Бизнисменот Трајче Заев му ги продаде сите акции на својот прв братучед Вице Заев кој сега со неговата компанија ДГИ „Тотал Инженеринг“ стана целосен сопственик на конфекцијата и трговската фирма, објави Македонската берза две решенија на Комисијата за хартии од вредност.

Вице Заев преку својата компанија ДГИ „Тотал Инженеринг “досега поседуваше во „Герас Цунев Конфекција “73,3 отсто од акциите, додека, пак, во „Герас Цунев Трговија“ располагаше со 73,25 проценти. Додека, пак, неговиот братучед Трајче Заев досега поседуваше 22,5 отсто од акциите во првата, и 22,14 отсто од акциите во втората компанија.

„Тотал инжинеринг“, на 7 декември лани, им понуди на сите акционери на Герас Цунев Трговија да ги дооткупи нивните преостанати 18.151 акција, по цена од 310 денари за акција. Додека, пак, за Герас Цунев Трговија понудата беше за 18.373 акции, исто така по цена од 310 денари за акција.

Акциите го чинеа Вице Заев околу 82.000 евра во ГЦ Конфекција и 83.000 евра во ГЦ Трговија или вкупно 165.000 евра.

О.К.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...