17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаКлековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс (позајмица вон договор) за Клиниката за онкологија и радиологија и со тоа да му се билда профитот на веледрогеријата добавувач.

<

И додека болните од рак цела недела чекаат решение за недостигот на биолошки терапии, политичките партии се судираат околу тоа кој е виновен за недостигот на лекови. Објаснувањето на власта за ваквиот недостаток генерално беше дека немало добра пресметка за тоа колку и кои лекови се потребни и дека веледрогеријата ги уценува со набавките.

– Финансиите не се проблем, обезбедивме доволно финансии со ребалансот за 2025. Она што се случува е тоа дека се обидуваме од минатото незаконско работење да преминеме во законско работење. И сега можеме на реверс да се јавиме да не недастусаваат лекови, но тоа е незаконскии. Така правите ѓаволски круг. Тој круг мора да се затвори, рече Клековски.
Во меѓувреме, вели тој, се чека од Јавното обвинителство да го расчисти веќе отворениот случај со работењето на Клиниката за онкологија до чии наоди дојде Државниот завод за ревизија.

– За одредени лекови ќе се бара донација како решение, за некои ќе има анекс на постоечките договори, а за некои ќе се прават директни договори со производителите, а не со веледрогериите, дополни Клековски за тоа кои се можните решенија за кризата, а без при тоа да не се кушуваат лекови на реверс со многу повисока цена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...