29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНовиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај.

<

За жал денес овој пат го однесе првио човечки живот. Сопатник од возило што попладнево излета на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка го загуби животот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка. Според информациите од СВР Куманово, незгодата се случила околу 14 часот, кога и било пријавено во ОВР Крива Паланка.

– Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “фолксваген голф” со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот. Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П., информира портпаролот на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...