16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСе упокои во Господа Архиепископот на Албанија Анастасиј

Се упокои во Господа Архиепископот на Албанија Анастасиј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес на 25 јануари 2025 година, заспа во Господа Неговото Блаженство, Архиепископот Анастасиј Тирански, Драчки и на цела Албанија – светилник на православната вера, столб на мудроста и неуморен работник на нивата Христова.

<

Незаборавниот Архиепископ Анастасиј со својот пророчки дух, боговдахновена визија и длабока љубов кон Христа и кон Црквата Негова, ја обнови и воздигна Православната Автокефална Црква на Албанија. Од урнатините што ги остави атеистичкиот режим, тој ја подигна земјата како величествен храм на верата, надежта и љубовта.

Со неуморна ревност и пожртвувана служба повеќе од три децении, Архиепископот Анастасиј, по избор и со благослов и заложби на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, ги положи и ги зацврсти темелите на црковниот живот, изгради стотици свети храмови, ја воскресна пастирската служба, основа образовни и филантропски институции и едуцираше ново, посветено свештенство. Тој беше вистински апостол на љубовта, сведок на Христовата светлина во Албанија и ширум православниот свет.

Со својата смиреност, мудрост и широка душа, Архиепископот Анастасиј беше вистински духовен отец на православниот народ во Албанија.

Нека му биде споменот вечен и блажен во Господа! Нека почива во светлината на Воскресението и нека се радува во прегратките на Оној Кому Му посвети сè!
Извор: Бигорски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...