18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВозачот кој ја прегази девојката бил во притвор за дрога

Возачот кој ја прегази девојката бил во притвор за дрога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во врска со медиумските написи поврзани со претходните постапки за возачот осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, Основното јавно обвинителство Скопје појаснува дека поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

<

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на 20-годишниот возач обвинет , му изрече заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник“, соопшти Јавното обвинителство.

„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, се вели во соопштението.

Обвинителството претходно вечерва соопшти дека 20-годишниот возач возел пијан, без возачка дозвола и со преголема брзина, поминувајќи на црвено светло кога ја прегазил жртвата на пешачки премин.
Јавува Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...