16.4 C
Ohrid
четврток, јуни 26, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за скапотијата: Во јануари јас не јадев дињи, лубеници, цреши, исто...

Мицкоски за скапотијата: Во јануари јас не јадев дињи, лубеници, цреши, исто така не сум се напил и нескафе од 250 денари..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Барањето од Владата и бизнисот кошничката да ја пресметува посебно тело, а не само синдикатот е уште еден обид да не пораснат платите, смета аналитичарот Бранимир Јовановиќ. Вели дека не е лоша идејата да има некоја државна агенција која би ги правела пресметките, но во тоа тело да не бидат министерствата кој ќе кажуваат што треба да влезе во кошничката, а што не.

<

„Ако се прави некое такво тело, тоа треба да биде со ССМ и со Државниот завод за статистика. Тие две се доволни. Нема потреба да се вклучуваат други организации со тоа што тие, пак, мора да го прифатат тоа и да се договорат. Ако се направи една таква кошничка, минималната плата треба да биде поставена и да биде да речеме 50 отсто од таа кошничка. Без тоа, нема поента да се пресметува една таква минимална кошничка“, вели аналитичарот Бранимир Јовановиќ.

Премиерот Мицкоски, пак, останува на ставот дека во пресметката треба да има измени. Тој лично во јануари не јадел сезонско овошје, а не знае ниту зошто во синдикалната кошничката се ставени и цигарите.

Јас во месец јануари, простете цигари не пушам, не испив лименка Нескафе од 250 грама, не изедов ниту една цреша, не знам како изгледаат праска и кајсии, ниту пак диња и лубеница, ниту пак грозје. Така што тука сметам дека треба да има интервенции“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

И од ССМ вчера по состанокот со Владата и работодавачите посочија дека со промена на пресметката за кошничката се прави обид да бидат замолчени и да не се зголемат платите.

Мицкоски кажа дека за него не е неприфатливо од повеќе причини, минималецот да порасне на 31.500 денари, а придонесите да останат како и досега. Предлогот го дадоа од Комората на северозападна Македонија, а за ССМ е прифатлив. Јовановиќ, пак, тврди дека минималецот мора да порасне, затоа што има многу бројки кои се показател дека трошоците одат постојано нагоре.

ССМ бара минимална плата од 450 евра уште пред изборите лани. Оваа сума со законското зголемување во март, нема да се достигне. Според последните пресметки, трошоците во месецот на едно четиричлено семејство надминуваат 1.000 евра. Најголем дел од парите одат за храна и пијалоци.

Ирена Чачкова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди. Викендов , 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската...

Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг се сретна со американскиот претседател Трамп. Заедно со министерот со надворешни работи Тимчо Муцунски...

60-годишен велосипедист е тешко повреден при судир со мотор во Охрид

Вчера околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Вистинскиот АМГ ѕвер освоен на Премиум Лотарија, ќе се вози низ охридските улици !!!

Б.Б. од Охрид конечно пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија. Тој е среќниот играч кој на 07.06.2025 ја освои најпосакуваната добивка, Премиум џекпотот и ќе...