27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЃорѓиевски: Доколку станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во прв...

Ѓорѓиевски: Доколку станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во прв круг!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна својата подготвеност и визија за иднината на главниот град, најавувајќи дека доколку стане кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг.

<

Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Ѓорѓиевски ја претстави својата стратегија за модерно, уредено и европско Скопје, истакнувајќи дека неговата амбиција не е тајна, туку резултат на континуирана работа и реализирани проекти.
Веќе повеќе од година и пол работам на концептот за подобар град. Досега, во општината Кисела Вода, реализиравме речиси 100% од изборната програма, што е доказ дека знаеме како да испорачаме резултати“, изјави Ѓорѓиевски.

Во својата програма, тој најави конкретни решенија за проблемите на Скопје, меѓу кои се:

✅ Генералка – темелно расчистување и уредување на јавните простори..
Лесно метро – современо и ефикасно урбано решение за транспорт

✅ Гасна централа – подобро енергетско снабдување за градот

✅ Комунална полиција – повисоки стандарди за јавниот ред и дисциплина

Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе следуваат анкети, како што најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, од кои ќе се утврди кој ќе биде кандидатот за градоначалник на градот Скопје…

Граѓаните ја препознаваат работата и поддршката што ја добивам секојдневно ми дава дополнителен мотив. Верувам дека Скопје може да биде модерна метропола на 21-от век, горд град со кој сите ќе се пофалиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје се подготвува за нови предизвици, а Ѓорѓиевски останува еден од имињата кои најгласно ја истакнуваат својата визија за неговата иднина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...