16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаТрадицијонална свеченост во спомен куќата на Прличев

Традицијонална свеченост во спомен куќата на Прличев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за посетителите. На настанот беа претставени и наградени најдобрите творби по распишаниот литературен конкурс на ООУ „Григор Прличев“ од ученичките Катја Крстаноска и Нина Кузманоска.

<

Со поглед кон иднината горди на минатото и културните епохи во кои го втемеливме културниот идентитет денес ги продолжуваме чествувањата за еден од најмаркантните ликови во Македонската книжевност и литератиура, просветител, преродбеник, книжевник и литератутрен деец, Григор Прличев.

Горди на Вториот Хомер, на охриѓанецот Григор кој со поемата „Сердарот“ во некогашна Атина не вознесе до небесите и го стави нашиот културен жиг, денес тука во неговата родна куќа за да се радуваме на неговите современици, млади поетски таленти во кои живее современиот Прличев.

Младите поетси Нина Кузманоска и Катја Крстаноска кои се првонаградени во двете категории по распишаниот литературен Конкурс на ООУ „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник, се потврда дека се Прличеви деца и негови следбеници.

На средбата беше промовиран најновиот труд„Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо -Димоски. Промотор беше Бранко Цветкоски, а уредник на книгата е Митре Велјаноски.

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...