14.9 C
Ohrid
понеделник, април 28, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид конечно ќе добие катна гаража во централното градско подрачје

Охрид конечно ќе добие катна гаража во централното градско подрачје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охрид конечно ќе добие катна гаража во централното градско подрачје со што ќе се намали сообраќајниот метеж, особено во текот на летните месеци. Изградбата на катната гаража ќе започне на почетокот на летото, а рокот на градба е една година…

<

Во текот на јуни ќе започне изградбата на катна гаража во центарот на Охрид за што ќе бидат потрошени околу 7 милиони евра. Проектот е изготвен и се очекува наскоро да биде одобрен од министерството за транспорт, по што ќе се чека само завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка на општините во април.

„Бројката на возила во самата гаража, околу 270 е многу повеќе од тоа што го има Охрид како потенцијал.Зборувам во централното градско подрачје, вклучувајќи ја улицата македонски просветители и дел од Партизанска и улицата Димитар Влахов, што значи вистински капитален проект за охриѓани. Разликата од катната гаража и чаршијата е воздушно 20 метри“, изјави Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид.

Катната гаража ќе биде лоцирана на паркинг просторот до градскиот пазар, а охриѓани не го кријат задоволството затоа што конечно се реализира проектот за кој се зборуваше три децении.

„Прекрасно што Охрид ќе добие катна гаража, тоа ќе биде добро за сите“.

„Како проект е добро, но не е доволен. Знаете вие дека на лето центарот на градов е задушен“.

„Сметаме дека ќе се намали проблемот со гараживе, паркирање на улици“.

„Со катната гаража ќе се намали овој метеж и овој хаос што е, не само во Охрид и во сите градови во Македонија“.

Рокот за изградба на објектот е една година, а се очекува да биде пуштен во употреба пред шпицот на летната сезона идната година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: На местото на крвавата заседа кај Вејце- 24 години подоцна !!!

НА МЕСТОТО НА КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ 24 години подоцна Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени...

Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите

Од 23 јуни 2025 година, НЛБ Банка ќе воведе измени во тарифите и општите услови за физички и правни лица, објави Слободен печат. Според новиот...

Почина 34 годишен прилепчанец од удар од Гром !!!

Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во селото Мажучиште, информираат од Министерството...