13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: Општина Охрид ја продолжува едицијата „Охридско книжевно наследство“ – Дигитализација и...

Пецаков: Општина Охрид ја продолжува едицијата „Охридско книжевно наследство“ – Дигитализација и зачувување на културното богатство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пецаков: Општина Охрид ја продолжува едицијата „Охридско книжевно наследство“ – Дигитализација и зачувување на културното богатство
Култура

<

Охрид
25/02/202536
Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот Охридско книжижевно наследство. Приредувачи на проектот се проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски.
Едицијата: „Охридско книжевно наследство“ започна во 2018-тата година и опфаќа 11 книги.
Во рамките на оваа едиција се книгите:
➡️„Дојди во Охрид“(Антологија на песни за Охрид), 2018 г,
➡️„Антологија на ловорот“, 2020 г.
➡️„Книга за Чинго“, 2021 г.,
➡️Охридски раскажувачи, 2022 година,
➡️Книга за светите браќа Кирил и Методиј, 2022 г.
➡️Книга за светите бража Климент и Наум Охридски, 2022 г.
➡️„Охридскиот XIX век“, 2023 г.,
➡️„Охридски поети“, 2023,
➡️Охридските писатели за деца и младинци, 2024 г,
➡️„Охридските драмски писатели“, 2024 г,
➡️„Охридските писатели во книжевната критика“, 2025.
Во текот на 2025 година ќе бидат издадени книги Охридски фолклористи, Охридска историографија и Охридска книжевна школа. Целта на проектот е да се соберат на едно место сите охридски духовници, преродбеници, револуционери и други општествени дејци кои оставиле свој траг во целокупната охридска меморија.
Должност на Општина Охрид е да го чуваме македонскиот јазик, македонските великани и да го зачуваме споменот на сите кои пред нас го трасирале патот на македонската култура и општество.
Со Дигиталната форма, оваа едиција станува подостапна за научната јавност, како и на помладата генерација која работи или ќе работи на истражувања поврзани со познатите охридски имиња.
Преку дигиталната верзија на оваа едиција Општина Охрид како издавач овозможува истата да стане подостапна за целокупната јавност, читајќи, прелистувајќи , превземајќи содржини за сите читатели.

https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1146276494179030?ref=embed_post

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...