30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаАлијанса за Албанците бара промена на имињата на улиците во Струга

Алијанса за Албанците бара промена на имињата на улиците во Струга

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

▪️Алијанса за Албанците бара промена на имињата на улиците во Струга

<

Маркс Енгелс, ЈНА, 8-ми септември, и други, би можеле да заминат во историјата, доколу струшките советници донесат одлука за промена на имињата на улиците во Струга, кои се уште носат називи од времето на комунизмот и поранешна Југославија. Иницијативата за промена на имињата, која дојде од советникот на Алијанса на Албанците, Асим Саитоски, помина во струшкиот совет со гласовите од албанските блок партии, но не и од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Саитоски вели дека новите имиња, треба да го отсликуваат мултиетничкиот карактер на Струга. Очекува подршка од коалиционите партнери меѓу кои и ВМРО.

„Водени од фактот што нашата општина е мултиетничка,а голем дел од улиците датираат од некои лоши времиња, сметаме дека задираат во чувствата на граѓаните на општина Струга. Допрва треба да разговараме со нашите коалициони партнери и мислиме дека ќе добиеме поддршка,затоа што немаме намера некој да биде отфрлен или некој да се осеќа навреден“, вели Саитоски.

„Иницијативата се поднесува во изборна година и освен ситно политичко профитерство нема никаква друга ефективна вредност која би им го подобрила животот на стружани. Ваквите прашања, доколку имаат за цел да ги унапредат меѓуетничките релации, треба да бидат јавно и стручно елаборирани и дискутирани, на сите нивоа на заедницата“, велат од ВМРО ДПМНЕ-Струга.

Со иницијативата се предлага именување и на улици, кои се уште не се именувани. Од Беса велат дека новите имиња треба да го отсликаат новото време.

„Треба да се отвори поширока дебата, помеѓу сите политички партии да бидеме сите тука инкорпорирани, за да најдеме решение кое ќе ја отсликува новата реалност за нашиот град“, вели Фатмир Емуш, советник од БЕСА.

Од ДУИ сметаат дека именувањето на улиците треба да се направи со грижа и почит кон културното и историското наследство на Струга, Советничката група на СДСМ е против било какво менување на имињата на улиците во Струга.

Иницијативи за промена на имињата на улиците имаше и во минатото, но обидите беа безуспешни, поради неуспешноста на политичките партии да се усогласат, но и бидејќи имаше идеи на вметнување на контрадикторни личности од историјата.

Сега се очекува на некоја од наредните седници на градскиот совет, точката за преименување на струшките улици, да биде поставена на дневен ред и за истата да се гласа по принципот на Бадентерово мнозинство.

Мики Трајковски – ALSAT

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...