30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

<

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес постапувајќи по наредба донесена од страна на судија на претходна постапка, изврши два претреси на две локации, во домовите на лица кои што се службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради постоење на основни сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработен во затворот.

„Фрапантна фактичка состојба од аспект на информациите со коишто располагаме. Менаџерот на затворот и други лица вработени, затворот го доживувале како „трговец поединец“ здружение или приватно правно лице коешто се занимава со туристички услуги, заради тоа што незаконито им овозможувале на осудени лица за коишто постои висок безбедносен ризик да користат привилегии коишто не им следуваат по закон. Просто објаснето осум до десет часа им овозможувале спротивно на закон, според индициите, истите да бидат спроведувани од страна на затворската полиција до одредени локации како нивен дом или трети локации каде што истите уживале привилегии а притоа биле чувани од страна на затворската полиција и не во рамки на она што е дозволено со закон туку за приватни потреби. Какви се тие приватни потреби ќе утврдиме дополнително, но знаеме дека не е за да бидат достапни на органите на прогон, на институциите или слично, туку за нивни други приватни потреби, коишто не се законски основ согласно важечките закони.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски објасни дека овие раководни лица го претвориле затворот во „Хотел промаја“ бидејќи дозволувале користење на незаконски привилегии кои им биле дозволени на одредени осомничени лица.

„Буквално како трговско-угостителско друштво, затворските полицајци коишто се платени од граѓаните, ги пренесуваат од затвор до одредена локација, ги чуваат осум до десет часа на таа локација, па пак со службено гориво и возила, на трошок на македонските граѓани, ги враќаат во затворот. Тоа едниот дел од незаконитите дејствија кои се вршени. Со истрагата во моментот се опфатени 10 лица, со што тоа е само еден дел од незаконитостите коишто се опфатени. Денес извршени се претреси во домовите на две лица, при што тие се лишени од слобода и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.“, истакна министерот Тошковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...