12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонските ГАЗДИ не прифаќаат минималната плата да биде 30.000 денари !!!!

Македонските ГАЗДИ не прифаќаат минималната плата да биде 30.000 денари !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата е неприфатлив за работодавачите. Откако вчера синдикатите побараа покрај законското усогласување од околу 2 илјади денари, со што минималецот ќе стане 24 илјади, да има зголемување за дополнителни 6 илјади денари за кои придонесите ќе ги плати државата во период од една година, од организацијата на работодавачи денеска велат дека таквото зголемување би било неоправдано.

<

„Лесно е да се каже 30 илјади денари, ама во однос на сегашната минималната плата е над 40%. Со што ние зголемивме 40% продуктивност во Македонија, па да ја качуваме минималната плата 40%? Кое е оправдувањето да нашата минималната плата изнесува 72% во однос на просечната плата што го нема никаде во Европа. Сето ова се желби од страна на синдикатите кои успеаја да ги наметнат во јавноста во последниот период“ – Ангел Димитров, Организација на работодавачи

ВМРО-ДПМНЕ, пак, го обвинија првиот човек на ССМ, Трендафилов, дека глуми синдикалец.

„Слободан Трендафилов како синдикалец одмолче кога Талат Џафери пцуеше вработени во собранието, не реагираше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, премолче систематско деградирање на работникот во време на СДС, за сега наеднаш како на тастер да се буди од зимски сон. Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува СДС“ – Бране Петрушевски, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Трендафилов се огласи на социјалните мрежи.

„За едните бев портпарол на ВМРО, за другите сум портпарол на СДСМ, и нивната перцепција секогаш зависи од позицијата во која се наоѓаат, односно дали се на власт или се во опозиција. ССМ работи за работниците, а ВМРО и СДСМ можат слободно да се обвинуваат меѓусебно, имајќи во предвид дека и едните и другите кога беа на власт беа и се против работниците“ – Слободан Трендафилов

Од СДСМ и денеска ја повикаа власта да го прифати нивниот предлог закон за зголемување на платите од 3 до 15 илјади денари, без да се плаќаат придонеси за зголемениот дел. Опфатени би биле 400 илјади работници чии плати не надминуваат 65 илјади денари.

„Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување ќе бидат замрзнати на просекот од последните три исплати и тоа во траење од една година. Ова значи сигурност и предвидливост за компаниите, но и повисоки приходи за работниците. Иако за зголемениот износ на платата нема да се плаќаат придонеси, државата и понатаму ќе наплатува 10% данок на личен доход, што ќе донесе 58,5 милиони евра во буџетот“ – Богданка Кузеска, Портпаролка на СДСМ

Минималната плата се утврдува секоја година во март, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата.
Тв Сител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...