30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаТаравари: Подготвен сум да го поништам тендерот за паркингот на Клинички центар...

Таравари: Подготвен сум да го поништам тендерот за паркингот на Клинички центар ако на јавнста не и се допаѓа понудата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза, ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри. Тој рече дека е подготвен и да го поништи тендерот, доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти. Понудената цена за паркирање е 50 денари за час, а според Таравари таа е пристојна.

<

Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари.

Тој рече дека рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата.

„Според физибилити студијата е предвидено да биде 20 години, но во меѓувреме имаме одука дека паркингот може да се користи додека Клиничкиот центар е тука. Јас лично сметам дека Клиничкиот центар нема да биде тука повеќе од седум до 10 години. Сме ставиле како услов, додека е тука Клиничкот центар, тоа може да бидат пет, шест, седум осум, девет, 10 години, но мислам дека тоа нема да биде повеќе од седум до 10 години, затоа интересот на компаниите беше многу мал, да беше 20 сигурно ќе се јавеа. Од проектната единица ме известија дека процедурата е помината и има одредени филтри што треба да поминат во Владата. Ако поминат ок, ако не поминат пак ќе го објавиме, рече Таравари.

Имајќи во предвид како се движат цените за паркинг, посочи министерот, мислам дека понудената цена не е лоша. Најдобро е да биде нула денари, но ако најдете таков понудувач што ќе обезбеди плус 600 денари и нема да наплаќа ништо би било идеално.

Рокот за изградба на мотажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...