19.6 C
Ohrid
четврток, јуни 26, 2025
ПочетнаМакедонијаТри сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави, ради...

Три сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави, ради политички реваншизам !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скандалозен притисок – 493 крави треба да одат курбан поради политички реваншизам, јавува Тв Алфа.

<

Љубиша Владимировмарт 12, 2025
Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам. Сопственичките, три сестри, од кривопаланечкото село Жидилово обвинуваат дека целата хајка ја започнал поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, уште пред повеќе од една година.

Семејството Ѓорѓиевски вели дека Решението во кое се наложува одземање на близу петстотини грла добиток, намерно не им било доставено на време, за да не можат да го испочитуваат рокот за жалба. Сметаат дека поранешниот министер, свесно и намерно ги злоупотребил институциите за да им наштети.

„Се мачеиме веќе седум години. Од претходната власт бевме принудени да избегаме од Македонија од нашата држава и да отидеме во Швајцарија. Се вративме бидејќи почнаа да го уништуваат татко ми. Тој се грижеше за говедата во тој период имавме околу 150, до 200. Продававме, но до таа бројка се држевме. Прво што му се случи го избркаа од работа. Љупчо Николовски точно знае ние кои сме. И лично заканувајќи се, упатувајќи закани кон мојот татко, телефонски и кај ѝ да го види, праќаше луѓе, да му се заканува да не работиме. Сакам да го прашам јавно господинот Љупчо, зошто тие решенија уредно не се доставени до нас“, изјави Јулијана Ѓорѓиевска, сопственичка на добитокот“.

Во Решението за одземање на стои дека добитокот наводно не бил чуван во соодветни услови со што е прекршен Законот за благосостојба на животните. Семејството Ѓорѓиеви, пак, вели дека се се темели на еден инспекциски надзор кој во суштина и не нашол некакви неправилности.

„Зад мене се наоѓа шталата во која семејството Ѓорѓиевски целиот живот го чувале добитокот, кои на почетокот во 2024 година властите преку ноќ сакале да им го одземат“

Трите сестри повеќе од една година ја водат оваа правна битка. Ја платиле предвидената глоба, но државата и натаму инсистира дека добитокот мора да биде одземен. Адвокатот Тони Менкиноски кој го ангажирале објаснува дека ова претставува класичен пример на политички реваншизам и злоупотреба на институциите. Поднесена е жалба и од Агенцијата за храна и ветеринарство се бара се поништи претходното решение и да не се одзема добитокот. Поднесени се и кривични пријави против вработени во Министерството за земјоделство кои го изготвиле решнието. Видео Тука-Тв Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025” – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди. Викендов , 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската...

Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг се сретна со американскиот претседател Трамп. Заедно со министерот со надворешни работи Тимчо Муцунски...

60-годишен велосипедист е тешко повреден при судир со мотор во Охрид

Вчера околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Вистинскиот АМГ ѕвер освоен на Премиум Лотарија, ќе се вози низ охридските улици !!!

Б.Б. од Охрид конечно пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија. Тој е среќниот играч кој на 07.06.2025 ја освои најпосакуваната добивка, Премиум џекпотот и ќе...