28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во...

Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград.

<

Тој нагласи дека во Србија имаат најдобри болнички услови во Европа.

-Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со подобри услови од овде во Белград. Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Кочани, Северна Македонија. Девет од нив лежат овде во Клиничкиот центар. Прво посетив двајца, а потоа заедно посетивме седум. Последното лице што го посетивме е во животна опасност, а другите не се. Степенот на изгореници е од четири проценти – рече тој.

Вучиќ додаде дека кај неколку пациенти најголем проблем претставуваат повредите на респираторниот систем.

-Кај нас ќе дојдат уште 12 пациенти, ги имаме на ВМА, ги имаме во Клиничкиот центар во Ниш. Ќе дојдат уште 12 пациенти и како што сега стојат работите, вкупно 29 пациенти ќе бидат во Србија – рече Вучиќ.

Тој порача дека Србија секогаш ќе стои покрај братскиот македонски народ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...