30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОчевидци сведочат – многу излегоа па се вратија да спасат или да...

Очевидци сведочат – многу излегоа па се вратија да спасат или да бараат некој свој близок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не стивнуваат реакции по трагедијата во Кочани која се случи изминатата ноќ, а која однесе преку 60 човечки животи, претежно на млади луѓе.

<

Над 140 лица се хоспитализирани од кои една третина веќе се или ќе се пренесат на лекување во странство.

Кобниот настан се случи во дискотеката Пулс на настап на ДНК, а многумина сведоци и лица кои биле внатре а се преживеани како и они од надвор кои помагале сугерираат на една работа.

Имено многумина лица откако веќе излегле и се спасиле, се вратиле да бараат своите блиски и пријатели, некои се враќале и по неколкупати, а некои откако повторно влеле, веќе не излегле живи.

Токму овој потег во желба да се помогне на што повеќе придонело да се направи уште поголем хаос и блокада при единствениот влез на дискотеката. Од една страна лица кои што сакале да излезат, а од друга оние кои влегле и сакале да влезат за да и помогнат.

Сведоци велат дека и многумина кои се спасиле или оние кои дошле откако слушнале за несреќата буквално биле пред влезот и дополнително го отежнувале пристапот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...