24.9 C
Ohrid
среда, јуни 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

МВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Соопштение

<

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип.

Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.

Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Александар Ѓорчески, таткото на убиената Вања, е ослободен од вина.

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него. Јавниот обвинител не докажа дека надвор...

Доживотна казна затвор за Палчо, Видевски, Манев и Кешишев

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски и Велибор Манев се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа. На секој од обвинетите поединечно им...

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во кочани

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот кај Бојан Јовановски – Боки 13, сподели емотивен момент од негов телефонски разговор со Панчо од ДНК,...

Не е мито подарок до 3.000 денари: Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра

Подароци во вредност до 50 евра ќе можат да примаат вработените во јавниот сектор, без да се сметаат за мито. Со измените во Предлог...