26.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПоследно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во...

Последно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска беа погребани членовите на музичката група „ДНК“, кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави МИА.
Пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, беше испратен на последниот починок на градските гробишта во Бутел, додека неговата колешка Сара Пројковска, професорка на Факултетот за музичка уметност, беше погребана на гробиштата во Лисиче. Тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, најде свој вечен дом на градските гробишта во Струмица.

<

На погребот на Андреј Ѓорѓиески, кој започна во 10 часот, присуствуваа членови на семејството, негови колеги музичари, уметници и пријатели. Церемонијата за Сара Пројковска, пак, се одржа во 12 часот на гробиштата во Лисиче.

Во Струмица, посмртните останки на Ѓорѓи Ѓорѓиев беа изложени во Градската капела од 12 часот, а во 10 часот неговите колеги од музичкото училиште му оддадоа почит на комеморативна седница.

Во меѓувреме, во црквата во штипско Ново Село беа изложени телата на Филип Стевановски и Александар Коларов, исто така членови на групата, од 9 до 11 часот. Телото на Александар Ефремов, кој беше официјален фотограф на групата, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип во истото време.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...

Слаба посетеност на Мечкин Камен за Илинден

Годинава, настанот помина со мала посетеност од граѓани, а меѓу малубројните присутни, речиси и да не се забележуваше државното знаме. Наместо тоа, се вееја...