13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОсомничен е и член на групата „ДНК“ за пиротехниката

Осомничен е и член на групата „ДНК“ за пиротехниката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство.

<

Од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што 3 се уште се на лекување во болница. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката.
Постои основано сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата безбедност.

Сите осомничени, секој од аспект на своето својство, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, сите заеднички, воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и така предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имотот од невидени размери.

Верижните пропусти и незаконити дејствија на службените лица доведе до тоа да при користење на пиротехничките средства, на 16.03.2025 година, за време на настапот на ДНК, биде предизвикан пожар, во кој настапила смрт на 59 лица, од кои шест деца, а биле повредени 197 лица. Доколку се обезбедат докази во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неутврдени лица, кои иако биле свесни дека со нивното сторување или несторување, може да настапи штетна последица ама не презеле ништо.

Тројца лица се сосопственици или управители. Првиот е закупец каде е лоциран клубот, реален сопственик. Објектот кој имал намена за лесна индустрија, не исполнувал услови да биде кабаре, но осомничените добиле лиценца и организирале угостителски услуги. Сите знаеле дека клубот не ги исполнува условите за угостителска објект. Постои сомнение дека првоосомничениот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година, на службено лице од Министерството за економија дал паричен износ да изврши дејствие кое не смеел да го направи – обезбедил лиценца. Против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и примање на поткуп. Една осомничена е сопственичка и управителка на правно лице, кое направило проект за да може да врши работа – кабаре, иако знаела дека не потојат услови да се пренамени објектот. Проектот во континуитет бил користен за добивање лиценци. Била побарана промена на проектот, а таа без да изврши проверки, ги направила“, рече Коцевски.

Од Министерството за економија осомничени се поранешен министер, поранешен државен секретар, раководител, службено лице, помлад соработник.

„Не постапиле според мерките на заштита“, рече Коцевски.

Поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори се исто така осомничени.

„Иако биле должни да прават надзор, не ги извршиле своите обврски. Во ниту еден наврат не извршиле контрола на правното лице, за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува минималните технички услови. Овозможиле кабарето да ја продолжи угостителска дејност“, додаде Коцевски.

За тројцата градоначалници од 2012 година до 2025 година, како и ексдиректорите на ДЗС, тој вели дека овозможиле кабарето „Пулс“ да работи спротивно на Законот за угостителска дејност.

„Општината примала уплати за надоместок од кабарето“, додаде Коцевски.

Тој посочи дека осомничени се и обезбедувачите.

„Овозможиле влез на 650 посетители, имало најмалку 31 дете, едно лице продавало билети, без да води сметка за возраста, овозможиле влез и присуство на малолетници на настанот. Членовите на обезбедувањето, не спречиле во угостителскиот објект да се внесат експлозивни материи, иако за тоа немале задолжителна дозвола, за да ракуваат со пиротехниката, ниту пак, пиротехниката тоа го дозволувала“, рече Коцевски.

Осомничен е и член на ДНК.

„Постои сомневање, дека осомничените околу 02 часот по полноќ ги активирале пиротехничките средства“, додаде Коцевски.

И полициски службеници, вкупно 7, кои издале согласност од МВР, се осомничени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...