22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаНе требаше да дозволиме да се случи пожарот во Кочани за да...

Не требаше да дозволиме да се случи пожарот во Кочани за да утврдиме дека во зграда со 400 станари 30 години нема хидрант

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вонредните инспекциски контроли кои почнаа мината недела по пожарот во кочанската дискотека со 59 загинати, ќе продолжат со проверка на безбедноста во сите станбени згради во земјава. Ќе ги прават општинските инспектори заедно со инспекторите од сите државни институции надлежни за безбедност. Претседателот на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) и градоначалник на Кисела Вода вели дека во неговата општина ваквите проверки се веќе почнати.

<

„Во мојата општина 27 станбени згради биле подложени на проверки изминатите неколку дена. Од тие 27 најчесто оние кои се најгласни и кои ги утврдуваат аномалиите на системот е утврдено дека баш во тие згради немаат хидранти. Имаме случаи каде што цревата за хидранти се продаваат, биле украдени. Секој треба да си одговара. Ова не е операција во која главниот збор го има локалната власт или централната власт или Орце индивидуално или кој и да е. Во ова треба, луѓе, да учествуваме сите. Ова зависи и од одговорноста на секој поединец во нашето општество. Не требаше да дозволиме да се случи пожарот во Кочани за да утврдиме дека во зградата каде што живеат 400 станари, триесет години нема хидрант“ вели Ѓорѓиевски и нагласува дека тоа не е одговорност и надлежност на Општината, но мора да постапуваат оти утврдиле дека ниту станарите, ниту управителите на зградите не си ја завршиле обврската.

Ѓорѓиевски јавно побара Инспекторатот за домување посоодветно да си ја врши работата и кажа дека како ЗЕЛС дале препораки општинските инспектори да стапат во контакт со управителите на сите станбени згради кои треба да постапат по забелешките кои ќе бидат утврдени при инспекциските надзори во кои главен збор ќе има Дирекцијата за заштита и спасување која постапува во делот на постоење соодветна хидрантска мрежа, противпожарни апарати и се она што претставува безбедност во зградите.

Ѓорѓиевски смета дека на угостителите треба да им се даде рок од еден месец за отстранување на спорните делови и забелешките од инспекторите направени изминатиов период оти контролите покажале дека најголем проблем генерално во цела држава е урбана опрема за кафулињата каде што се констатирани најмногу неправилности.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...