21.6 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата сака да му даде шанса на Коцевски да работи на истрагата...

Владата сака да му даде шанса на Коцевски да работи на истрагата околу несреќата во Кочани.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски, откако покрена постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцевски, се премисли. Според Мицкоски, постапката ќе застане таму каде што се наоѓа во моментов, а тоа е во Советот на обвинители, бидејќи Владата сака да му даде шанса на Коцевски да работи на истрагата околу несреќата во Кочани.

<

„Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната, планираме таа постапка да ја запреме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои работат, посебно на случајот кој се случи во Кочани, треба да работат и да сработат. Кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека има заедничка акција и работа помеѓу МВР и ЈО кое резултираше со 34 обезбедени лица, кои имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, но ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.

Но, Мицкоски има и други очекувања од Коцевски.

„Јавноста е чувствителна на некои случаи од минатото, па ќе почекаме да видиме дали ЈО има амбиција да констатира неправилности од минатото и дали би можело тие случаи да ги преразгледа и да видиме дали сме сите за правда или таа ќе биде селективна. Да видиме дали таа правда е некогаш добиена или е селективна. Како Влада го охрабруваме, да се движи во таа насока и секој што направил било каква грешка да биде санкциониран“, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...