26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата...

Пратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата за фамилиите на настраданите во кочанската дискотека.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата плата.

<

Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата.

„Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените. Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка оттуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност“, посочуваат од Левица и додаваат:

Сепак, оваа донација не ја менува реалноста – државата мора да има социјално проактивна влада и функционално Собрание, кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна. Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции“
Makfax.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...