28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија59 стрелци, за 59 наши браќа и сестри од Кочани.

59 стрелци, за 59 наши браќа и сестри од Кочани.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

59 плотуни за 59-те жртви во пожарот во Кочани на 5-годишнината од членството во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје. Солидарноста меѓу сојузниците се покажа и при помошта на повредените, укажаа македонскиот и воениот врв на НАТО.

<

Нашиот влог во НАТО е истовремено и влог во Армијата, во бедемот на територијалниот интегритет и независноста на нашата република, рече претседателката и врховната командантка Сиљановска-Давкова.

Македонија се покажа како доверлив сојузник кој придонесува за колективната одбрана. Вложува во одбраната и модернизацијата на воените сили за да биде подготвена да се справи со безбедносните предизвици.

Способноста на припадниците на Армијата, високо се цени во НАТО. Дел од единиците ги покажаа своите вештини пред државниот врв и дипломатскиот кор.

На 30 македонски војници коишто учествувале во мисиите на НАТО во Бугарија, Романија и Латвија им беше доделен медал на НАТО за будност.

Македонија дава поддршка на стабилноста и мирот во регионот со учество во Мисијата на НАТО на Косово.

Ирина Гелевска Мтв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...