20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветГолманот Стојанов ја шокираше јавноста: Сопругата ме изневери со кумот

Голманот Стојанов ја шокираше јавноста: Сопругата ме изневери со кумот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владислав Стојанов, искусниот 37-годишен бугарски голман, се појави на подкаст наречен Sport Cast и на целата јавност и откри дека неговиот поранешен соиграч Клаудиу Кешеру спиел со сопругата и имал афера околу година и половина.
Стојан sси ја отвори душата и ги откри сите детали од прељубата која одекна низ земјава. Романскиот фудбалер Клаудиу Кешеру тргна по патот по кој не треба да се оди и покажа колку е лоша личност, пријател и соиграч.
Да биде ситуацијата уште полоша, Клаудиу Кешеру е кум на ќерката на Владислав Стојанов.

<

Поранешните соиграчи биле многу блиски, нивните сопруги се дружеле, си доаѓале дома, што Стојанов го потврди:

Бевме навистина заедно цело време. Тренинзи, ручек, тренинг, вечера, дружење меѓусебно. Тој е кум на моето дете. Според моите пресметки, измамата траеше повеќе од година и половина. Имав мои сомнежи, но не сакав да истражувам во тоа време. Имав долгови, бев повреден, не се знаеше дали воопшто ќе играм фудбал. „Да не продолжев да играм, немаше да можам да ги вратам парите за три животи“, рече бугарскиот голман и додаде:

Немаше смисла да истражувам, но сопругата на Кешеру дозна и ми се јави. Сепак решив да им простам на двајцата. Од друга страна, ќе беше чудно да престанеме да разговараме и да се гледаме, тоа ќе се знаеше. Им се јавив и им реков дека им простив, но сакав да разговарам со нив. Јас сум принципиелен, или ќе простиш или ќе се вратиш со неа само еднаш“.

Стојанов откри и дека има сериозни проблеми да се види со својата ќерка, која сега има 10 години, а судските постапки за правата на посета се уште се во тек, бидејќи на крајот се разделил од мајката на своето дете.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...