27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЛишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете...

Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава

<

Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...