34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаГоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

Гоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем со самите себе“, вели Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на Конфедерацијата на Синдикати и поранешен лидер на Независниот полициски синдикат, во емисијата „25 минути“ која се емитува на ТВ „Шења“.

<

„Народот гледа сè. Што сите власти досега направиле или не, за граѓаните да бидат побезбедни. Во случајот со кочанската трагедија се докажува дека сите минати власти, вклучително и оваа, мора, еве јавно кажувам, и министерот за внатрешни работи, и премиерот, но не само тие двајца, туку и Обвинителеството, да ги преземат сите нивни законски ингеренции. Не може да бидат амнестирани моменталните господа челници кои седат на одредени фотелји и кои имале исклучително битна улога и функција во општеството, а да бидат амнестирани. Во ниеден случај“, вели Делчев Тодев.

Според него, шефови на одредени сектори на важни институции не може да се назначуваат според политички заслуги.

„Имаме полициски службеник кој пред неколку години пишува службен материјал во кој напоменува дека дискотеката не е безбедна и дека јавниот ред и мир може да се наруши во секој момент, и од тие причини бара, предлага, затворање на дискотеката. И таквата личност се наоѓа во притвор. Тој алармирал пред неколку години, и тој е во притвор, а тие што требале да реагираат, ништо не спровеле. Тие што биле одлучувачки фактор во полицијата немаат последици. Тоа се случило во 2023 година. Да сум обвинител или министер за внатрешни, ќе знаев кој треба дополнително да се апси. Нека се охрабрат да ги апсат и сегашните функционери. Не може да се оправдаат сегашните началници. Уште 50 лица би биле уапсени, па тие нека се докажуваат на суд. Не само од МВР. Бројката во притвор не е доволна за целата трагедија“, рече Тодев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...