23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега. Ова е конечната одлука на Судскиот соввет, донесена во петокот на затворена седница, пишува „Алфа“.

<

Пајазити доби само парична казна, шест месеци да зема 30% помала плата. Останува правораздавач во одделението за претходна постапка, кое одлучува по притвори за осомничени. Одлуката за Пајазити е донесена осум месеци откако Рамадани избега, а откако за целата стручна јавност беше чудно – како ова лице се пушта во домашен притвор во земја во која не е резидент.

Уапсениот Рамадани, на 18 јули минатата година се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, што би значело дека Рамадани не можел да се предомисли.

Сепак, судијата Пајазити ја прифатил новата одлука на Рамадани. По ова, иако опстојувале сите причини кои укажувале на бегство, односно околностите биле целосно непроменети, Пајазити одредил куќен притвор за Рамадани, кој избега. И официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...