13.8 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГоран Миленковски од МВР за „Слободен печат“: Лага е дека сум извадил...

Горан Миленковски од МВР за „Слободен печат“: Лага е дека сум извадил посмртница за да не плаќам кредит!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Горан Миленковски, полициски службеник во СВР Штип, за кого деновиве беше објавено дека „извадил посмртница за да избегне да плаќа кредит и дека така ги заглавил своите колеги од ЕБР кои му биле жиранти да го исплаќаат“, во изјава за „Слободен печат“ комплетно ја негира приказната. Таа приказна всушност, ја раскажа Антонио Станковски, екс командант на ЕБР во поткаст.

<

Никогаш не сум имал умреница на мое име, а камоли да ја прифати некоја банка. Во конкретниот случај, се работи за мобинг што врз мене го вршеше Станковски, мојот поранешен надреден, кој што на состанок пред 400 души, сите од ЕБР, на монитор, со слајд, имаше презентирано умреница без фотографија и на неа го беше испишал мојот прекар што ми го даде тогаш а кој гласеше „Гого сиромавиот“.

На состанок пред сите колеги суптилно и прикриено ме малтретираше на ваков начин, бидејќи не сум уплатил пари за лекување на неговото дете. А не уплатив, затоа што ми беше блокирана сметката бидејќи бев самиот жирант на друго лице, кое што не го плаќаше кредитот. Јас сум жирантот, а не сум тој што го зел кредитот! Јас плаќав туѓ кредит и затоа ми беше блокирана сметката и не можев да донирам. За недонирањето, си сносев последици, во форма на малтретирање и вакви измислици. Кредитот беше во „Стопанска банка“. Банката ќе излезе со демант, дека немаат прифатено никаква умреница на мое име, ниту пак таква постоела!

Значи, постои судска пресуда во која што се гледа дека јас сум жирант, а тој што го зел кредитот не го плаќал истиот. И јас го плаќав. Затоа ми беше блокирана сметката, бидејќи во тоа време извршителите не блокираа една третина од платата како сега, туку целата плата. И затоа не можев да донирам за Станковски, па тој ми вадеше суптилни некролози без слика, за да ме вознемирува и да ме малтретира пред колегите, изјави Миленковски за „Слободен печат“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...