16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаОва е 19 годишното момче кое рано утрово загина кај Гевгелија

Ова е 19 годишното момче кое рано утрово загина кај Гевгелија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кобна предвелигденска ноќ за 19 годишник од гевгелиско во сообраќајна несреќа во својот крај.

<

Претпразничната раздвиженост предвидена за радости и славења за млад жител од с.Миравци, гевгелиско заврши трагично.

Денеска (19.04.2025), рано утрото пред да биде разденето, околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот.

На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На социјалните мрежи роднини, пријатели, другари испраќаат пораки на неверба за загинатиот Томче, 19 годишник од Миравци.

„Почивај во мир. Помил си му бил на Бога што те зеде кај него денеска“ – е една од трогателните пораки за Томче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...