25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на општина Охрид г-н Кирил Пецаков им посака среќа и...

Градоначалникот на општина Охрид г-н Кирил Пецаков им посака среќа и успех на репрезнетацијата на М.Т.Т.Ф на Европско првенство во Талин Естонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Охрид г-н Кирил Пецаков, им посака среќа и успех на репрезнетацијата на М.Т.Т.Ф на Европско првенство во Талин Естонија
Денес Градоначалникот на општина Охрид г-н Кирил Пецаков, ја испрати репрезнетацијата на М.Т.Т.Ф на Европско првенство во Талин Естонија кое ќе се одржи од 28.04-04.05 2025 година, им посака среќа и изрази желба повторно да се вратат со успех како и претходните Европски првенства. Сите учесници на репрезентацијата со посетата на Градоначалникот Кирил Пецаков, добија додатна мотивација за претставување на боите на нашата држава и изразија спремност да дадат се од себе, за да можеме повторно да се гордееме со нив.Оваа вест ја пренесува важноста на поддршката за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога станува збор за претставување на земјата на меѓународни натпревари. Добро е да се види дека Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, активно се ангажира и им дава поддршка на спортските тимови. Поддршката од локалната власт, спонзорите и Министерството за спорт е клучна за успехот на репрезентацијата. Покрај тоа, интересен е и аспектот на мотивацијата што ја добиваат спортистите од оваа посета. Кога локалните лидери и други важни фигури им покажуваат внимание на спортистите, тоа создава дополнителна енергија и уверување во нивната способност да постигнат добри резултати изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски кој воедно сака да се заблагодари на Градоначалникот на Општина Охрид за неговата подршка, на генралниот спонзор ПН МЕТАЛ и на Министерствот за спорт.
Нашата репрезентација ќе ја претставуваат десет членови од кои три официјални лица, од кои едниот е и тренер и официјлано лице, еден тренер, еден меѓународен судија и шест натпреварувачи.
• Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан
• Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф
• Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф
• Давид Велковски, Меѓународен лиценциран судија црн појас II дан

<

Боите на Македонија ќе ги бранат:
• Христијана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниорки 16-17 години во две дисциплини , форми црн појас I дан, борби – 58 кг. – Пехар за најдобра кадетка во Европа Јесоло 2023 – Европски Шампион во спаринг борби Јесоло 2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Јесоло 2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 – Светски Бронзен медал во спаринг борби Светско првенство од Астана Казахстан 2023 – Европски Сребрен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – 5 место во спаринг борби Европско првенство Копер, Словенија 2024 – Државен првак во борби и форми

• Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 16-17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 63 кг. – Европски Златен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – Бронзен медал во спаринг борби Европско првенство Копер, Словенија 2024 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...