15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаКазна за братот на градоначалникот на Гази Баба, а за полицискиот службеник...

Казна за братот на градоначалникот на Гази Баба, а за полицискиот службеник кривична пријава !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Возел 88 km/h на место во Скопје каде максималната дозволена казна е 50 km/h, но по телефонско јавување од полициски началник, казната била пишана на друго име, бидејќи возачот бил брат на градоначалникот на Гази Баба, обвини денеска СДСМ на прес конференција.

<

Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје. Полицајците го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Д. С. (братот на градоначалникот Стефковски) телефонски контактира со некој во МВР. За само една минута, началник од МВР, кој според нашите информации тогаш дури и не бил во земјата, се јавува на полицајците и им дава наредба: братот на градоначалникот да не биде казнет и да биде ослободен. Полна му беше устата на Тошковски со празни ветувања дека „секој ќе одговара“. Денес, гледаме дека тоа биле само лаги. „Брат да ми е, ќе одговара“ е најголемата лага на Тошковски. Законот за нив не важи“, тврди портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник.

„Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи“, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...