18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад !!!

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се гони за лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани каде изби смртоносниот пожар.

<

Според Ахмети, се работи за политички прогон, а рече дека нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети за ТВ24.

Попладнево стигна реакција од неговите почитички опоненти Вреди/Влен кои велат дека улицата е на народот, а не на милионерите што се плашат од правдата.

Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Али Ахмети плаче за „улицата“, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!“, велат од коалицијата.

Го прашуваат Али Ахмети, каде бил кога во времето на неговото владеење со Груевски, Албанците се гушеле по затвори, а на нивното име се лепела етикетата „терорист“. Каде бил кога се измислувал Монструм, кога Сопот бил обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеала албанска крв, кога во Диво Насеље биле искористени за валкани политички сценарија.

Се додава дека денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва – ама единственото нешто што навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...