12.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицајците ќе вежбаат и тренираат спортски активности со цел да бидат поспремни...

Полицајците ќе вежбаат и тренираат спортски активности со цел да бидат поспремни во “ловот” на криминалци !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министрите за внатрешни работи и за спорт, Панче Тошковски и Борко Ристовски, потпишале Меморандум за соработка за поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети.
„Денеска со министерот за спорт, Борко Ристовски потпишавме Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности. Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно- научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности преку кои ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес.
Со потпишување на овој меморандум ја подигнуваме нашата и досегашна одлична соработка на повисоко ниво со што директно ќе влијае врз работата на министерството и подготвеноста на полициските кадети и службеници. Спортот и физичката подготвеност е во директна поврзаност со успешното извршување на задачите на полициските службеници а со тоа и чување на безбедноста на граѓаните. Планираните проекти со министерството за спорт ќе значат унапредување на терените и можностите за квалитетни спортски активности на ниво на европските полиции со една цел, да имаме подготвена и спремна полиција која ќе биде вистински гарант на безбедноста на своите граѓани“, напиша на фејсбук министерот Панче Тошковски.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...

Бујар Салиу е новиот Помошник началник на СВР Битола

Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола - Сашо Мирчески....

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР...