16.9 C
Ohrid
вторник, мај 6, 2025
ПочетнаМакедонијаИзвршители од граѓаните наплатиле 47 милиони евра, во најава нови законски измени

Извршители од граѓаните наплатиле 47 милиони евра, во најава нови законски измени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заклучно со 2024, досега преку извршители се наплатени фантастични 2,1 милијарда евра. Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15 отсто реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020 година. Во најава се нови законски измени кои треба да водат кон намалување на трошоците за извршување што ги плаќаат граѓаните, пишува „Порталб“.

<

Скоро 880.000 илјади евра повеќе наплатиле извршителитe лани во споредба со 2023 година од сите категории на должници – граѓани, фирми и од државата. Годишниот извештај на изврштелите покажува дека лани од должниците биле наплатени 160,6 милиони евра. Споредбената анализа на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека за пет години наплатената сума е зголемена за 37,5 милиони евра.

Најголеми должници според наплатениот износ се компаниите со 84,3 милиони евра, од граѓаните присилно, преку извршители биле наплатени скоро 47 милиони евра, а од државата 31,5 милиони евра.

Правните лица односно фирмите се појавуваат и како најголеми доверители кои лани од должниците наплатиле скоро 127,4 милиони евра, следуваат граѓаните со 33,3 милиони евра и државата со близу 2,1 милион евра. Компаративната анализа на податоците на „Порталб“ покажува дека во изминатите пет години, двојно се зголемил износот на наплатени средства од граѓаните, од 24,6 милиони евра во 2020 на скоро 47 милиони евра во 2024 година. Од друга страна, износот на наплатениот износ од правните лица е намален од 89,4 милиони евра на 84,3 милиони евра.

Лани реализацијата на извршните барања изнесувала 44,1 oтсто што е највисоко ниво од 2020 година. Најмногу реализирани барања за извршување имало во судовите во Охрид, Струга и Дебар а најмалку во судовите во Кочани, Берово, Виница и Делчево.

Во најава нови законски измени за присилна наплата

Во средината на 2023 година беа направени измени на Законот за извршување со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг (кредитот), пресметката застанува, односно сумата за каматата не може да го надмине главниот долг. Со ова ново решение беа опфатени и постапките за извршување кои беа во тек. За измените тогаш не гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица.

Во меѓувреме Уставниот суд го укина застарувањето како можност за ненаплата на долговите а токму временската рамка за застарување требаше да ги заштити граѓаните од злоупотреби со „чување“ предмети за кои потоа се пресметуваат енормни камати. Сега граѓанските активисти најавуваат иницијатива за нови законски измени со кои треба да се таргетираат адвокатите и нотарите како „карики“ во постапката за присилна наплата.

Некои од извршителите се правдаа дека во високите трошоци за извршување што ги плаќаат граѓаните, удел имаат адвокатските и нотарските тарифници. Евентуалните нови законски измени би биле надлежност на Министерството за правда. (Мета)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од ...

Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од Европско Таеквон-до ИТФ првенство во Талин, Естонија освојувајќи бронзен медал во борби Шесто последователно Европско првенство од кое МТТФ...

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која денес почина на 64-годишна возраст,...

7 годишно момче од Крушево со автомобил ја прегазило својата 10 годишна сестричка.

МВР информира дека вчера попладне во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп било пријавено дека кај нив...

Натепани полицајци во затворите во Штип и Идризово

Затвореник од Кочани доби кривична пријава откако упатувал закани кон затворски полицајци во КПУ Штип, а еден бил и повреден. СВР Штип поднесе кривична пријава...