16.9 C
Ohrid
вторник, мај 6, 2025
ПочетнаМакедонијаВладимир Димитриевиќ е нашиот херој од ...

Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од Европско Таеквон-до ИТФ во Талин, освојувајќи бронзен медал во борби !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од Европско Таеквон-до ИТФ првенство во Талин, Естонија освојувајќи бронзен медал во борби
Шесто последователно Европско првенство од кое МТТФ се враќа со медал, Владимир Димитиревиќ е нашиот херој
МТТФ пише историја , Шесто последователно Европско првенство со медал,освојувач на борнзен медал Владимир Димитиревиќ
Владимир Димитиревиќ се закити со медал на Европско Таеквон-до ИТФ првенство во Талин, Естонија

<


Најтешко заработен медал на Европско Таеквон-до ИТФ првенство во Талин, Естонија од страна на Владимир Димитиревиќ
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 28 април до 05 мај 2025, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Талин, Естонија.На ова Европско првенство учествуваа околу 1000 натпреварувачи од 30 земји. Нашата рерпезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со десет членови од кои три официјални лица, од кои едниот е и тренер и официјлано лице, еден тренер, еден меѓународен судија и шест натпреварувачи. Конкуренцијата беше преголема , доминираа големите репрезентации , а покрај тоа доминараше и пристрасноста на судиите која беше во корист на големите репрезентации. Ова беше најтешкото и најдраматично Европско првенство на кое имаме учествувано досега , каде од старт бевме оштетени од ждрепките , без право на приговор и корекција. Владимир Димитиревиќ еден од нашите најдобри репрезентативци е херојот на нашата Федерација , кој се закити со бронзен медал во спаринг борби , јуниори 16-17 години, -75 кг, која е една од најтешките категории. Поради оправдани причини организацијата на ва Европско првенство малку се одолговлечи, со што нашите натпреварувачи мораа да ги одработат своите борби покасно. Тројцата јуниори 16-17 години, требаше да ги одработат своите броби во саботата на 03,05, додека полуфинални и финални борби требаше на 04.05 2025. Владимир ја имаше таа среќа да неговата категорија не успеа да заврши навремено во планираниот рок, па неговата четвртфинална борба се одложи за утрото на 04.05 2025 год, претходно славејќи победа над претставникот од Италија. Утрото на 04.05 2025 неговата борба за медал почна во 09:35 часот, против Чешкиот рапрезентативец, Владимир беше мотивиран и спремен за освојување на медал по секоја цена, при што не му дозволи на чешкиот натпреварувач да преземе иницијатива, домирајќи цело време на борилиштето, но на крајот од борбата пристрасноста на судиите ја изедначија борбата, па мораше и трета рунда. Од старт Владимир презеде иницијатива со што не им остави прсотор на судиите да можат да го оштетат и најзаслужено победи за бронзен медал. За жал поради авионскиот лет , мораше службено да ја предадеме полуфиналната борба за да стигнеме на аеродром, па моравме да се задоволиме само со бронзен медал , не знаејќи дали Владимир Димитриевиќ ќе беше прв или втор во неговата категорија. Ова е негов прв медал до Европско првенство што значи неговиот квалитет оди во нагорна лиинија, и се надеваме дека ќе не радува со уште поголеми успеси во иднина. Владимир Димитриевиќ навистина се истакнува со својот успех. Овој успех е голем подвиг, не само за него, туку и за цела Македонија, бидејќи покажува како посветеноста, напорната работа и вештините можат да доведат до сјајни резултати на меѓународна сцена. Освојувањето медал на вакво натпреварување во едно толку конкурентно поле е одличен показател за неговиот талент и упорност. Такви херојски моменти ја потврдуваат неговата посветеност на спортот и мотивацијата која ја пренесува на други да се стремат кон врвот. Давид Крстески кој еден од нашите најдобри натпреварувачи, во спаринг борби, јуниори 16-17 год. – 63 кг. Во неговата категорија ги победи атрактивно претставниците на на Англија и Бугарија, но во четвртфиналната борба против противникот на Украина беше поразен од страна на судиите а иста судбина ја имаше и Христијана Парулеска претходно победувајќи ја претставничката на Германија, но во четврфинале исто како и Давид беше поразена од судиите во корист на Украина. Со нив и Миа Танеска , нашата дебитантка ја имаше истата судбина против Украина. Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен Евроспки Шампион, но поради повреда во втората рунда , не можеше да продолжи со натпреварување. Божидар Димитриевиќ во сениори во категорија -92 кг, имаше одлични борби против натпреварувачите од Грција и Бугарија, додека против неколкукратниот светски и Европски шампион од Украина, Дмитро Пилинкевич, беше немоќен, со што како релативно млад во сенироската категорија, покажа дека е оправдано неговото место во репрезентацијата на М.Т.Т.Ф Како мала репрезентација сум сепак презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова е Шестто последователно Европско првенство на М.Т.Т.Ф. каде континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации. Затоа користиме прилика да се заблагодариме на Министерството за спорт и Општина Охрид, посебно до градоначалникот Кирил Пецаков кој додатно ги мотивира нашите натпреварувачи претходно лично поскаувајќи им среќа и успех пред тргнување. Специјална благодарност до Генералниот спонзор ”ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за сите наши успеси и за нашиот квалитет, а истотака благодарност до спонзорите “ФЕДС “ и“ОТПАД” кои го помогнаа нашето учество на ова Европско првнство, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која денес почина на 64-годишна возраст,...

7 годишно момче од Крушево со автомобил ја прегазило својата 10 годишна сестричка.

МВР информира дека вчера попладне во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп било пријавено дека кај нив...

Натепани полицајци во затворите во Штип и Идризово

Затвореник од Кочани доби кривична пријава откако упатувал закани кон затворски полицајци во КПУ Штип, а еден бил и повреден. СВР Штип поднесе кривична пријава...

Градоначалникот Пецаков: Општина Охрид од денес е побогата за уште еден пријател- Потпишан меморандум помеѓу градот Охрид и Пула.

„Богатството на човекот се мери според бројот и квалитетот на пријателите што ги има." Општина Охрид од денес е побогата за уште...