12.4 C
Ohrid
среда, мај 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСтоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица

Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Струмица денеска се одржа 53-от Државен тракторски натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната струка, чиј домаќин беше СОУУД „Димитар Влахов. Најдобра во дисциплината – вешто возење трактор е Стоја Ѓеоргиева, ученичка од четврта година од „Димитар Влахов“ од Струмица.

<

Натпреварот го отвори градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека на земјоделството, како важна гранка и стратешки интерес и на општината и државата, му се потребни млади образовани луѓе, подготвени за изучување и користење на современи техники и технологии за квалитетно производство барано на домашниот и странските пазари..

Убаво е кога на едно место се собрани толку млади луѓе коишто со помош на нивните професори-ментори преку натпревар ќе ги презентираат стекнатото знаење и вештини, ќе покажат и докажат колку знаат и зошто ја заслужуваат нашата поддршка. А учениците се моја и гордост на општина Струмица, тие го заслужуваат најдоброто од нас и секогаш ќе го имаат“, рече Костадинов во поздравното обраќање.

Директорката на „Димитар Влахов“, Јасмина Цамбулева подвлече дека со оваа манифестација се негува инвотативноста и трудот на учениците, но и на младите земјоделци.

„Овој натпревар е повеќе од демонстрација на возење трактор. Тој е симбол на поврзаноста меѓу образованието и практиката, меѓу училиштето и земјоделството, сектор кој е од особено значење за нашиот регион“, рече Цамбулева.

Игор Николов, претседател на „Тера фитон анимал“, здружението кое го организира натпреварот, смета дека перспективата на државата е во земјоделството, односно, според него, тоа е најглавна професија за производство на храна.

„Секоја држава тежнее кон тоа да има сопствено производство на храна, кое ќе ги задоволи потребите на населението. Во таа насока е и токму денешниот натпревар преку кој учениците ќе ги покажат своите вештини, да покажат и докажат како се произведува, како се работи, во суштина, во земјоделството. Да применат нови технологии, да разменат искуства меѓу себе и секако да ги поттикнеме да бидат дел од земјоделскиот сектор“, изјави Николов.

На 53-от Државен тракторски натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната струка, учествуваа екипи од десет средни училишта, кои освен во возење трактор, ги покажаа своите вештини и знаења и во други земјоделски активности.

https://www.facebook.com/share/v/14FTbGyK672/Видео ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезната судијка од Сараево пронајдена мртва !!!

Членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС) од Сараево, по неколкудневна потрага, го пронајдоа телото на жена и утврдија дека станува збор за судија на...

Градоначалникот Пецаков оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија

Остварив средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија...

Во Приштина уапсен Дритон Ибиши – член на групата „Грчец“ кој се бара со меѓународна потерница

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж против кого имало активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од...

Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани...