11.9 C
Ohrid
вторник, јуни 3, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на Фросина по пресудата: Системот го штити совозачот Лорен кој е...

Таткото на Фросина по пресудата: Системот го штити совозачот Лорен кој е син на познат скопски кафанџија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако се завртите и ги видите илјадниците црвени раце, ќе кажам дека малку им беа. Следните протести ќе треба со црвени раце да го излепиме цел Суд. Судиите кога ќе излегуваат, ќе ги чекаме и со црвени крвави раце. Само така може да се освести ова судство кое ги штити мафијашите. 12-годишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот, рече Тодор Кулаков, таткото на усмртената Фросина по денешната пресуда за возачот Васил Јованов.

<

Тодор кажа дека добил впечаток во судницата како родителите на Васил биле „тотално релаксирани“.

Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа вкочанети? Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдните убијци се прогласуваат за светци, спортисти и посветени студенти, според зборовите на одбраната, а беше прифатено од судијата, таква е и срамна пресудата. Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно е небитно. Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа држава, рече Кулаков во изјава пред Основниот кривичен суд-Скопје.

Во изјава што ја читаше од мобилниот телефон, таткото на Фросина порача дека „никој не обрнал внимание на повеќето сведоци кои биле прикриени и должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази, како совозачот Лорен кој додека се возеле, снимал со неговиот телефон и потоа таа снимка ја избришал“. Тодор смета дека од снимката многу работи ќе беа откриени.

-Лорен е син на познат скопски кафанџија и затоа ја има целата заштита од системот. Судот е чиста мафија и вакви убијци ги штити и такви пресуди носи. Наместо Лорен како клучен сведок да добие кривична пријава за уништување на докази за убиство…Многу поголема ќе беше казната за Васо, но и за другите тројца во возилото. Каде се тие сега? Овој систем ги сокри нив и системот треба да одговара за соучество во прикривање на убиство. Целиот случај е искасапен, најверојатно од корупциски дејствија, додаде Тодор и не исклучи своето незадоволство, заедно со целото семејство Кулакови да го искажат преку нови протести.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во...

Крвава групна пресметка меѓу средношколци во Карпош, момче е прободено со нож

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ во Скопје се случила тепачка меѓу две групи средношколци, при што едно лице било повредено со остар предмет,...

Во Македонија се враќа забраната за пушење и на затворените тераси – МЗ најавува законски измени

Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство. Нема толку инспектори колку...

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...