23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаКриптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тој поседува 11 биткоини, за кои проценил дека моментално вредат 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра.

<

Покрај криптовалутите, Богојески има и сметка во Бугарија, но нема информации за нејзината состојба. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Годинава во Ракотинци купил земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра. Исто така, минатата година набавил нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.

Во делот на деловни удели, тој поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра. Има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.

Богојески пријавил и низа странски финансиски вложувања. Од 2020 година има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурителни полиси имаат и неговата сопруга и деца, додека неговите деца поседуваат акции во банка во основање во САД – иако не се наведуваат точни суми.

Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Има и девизна готовина – наследена и стекната – во вредност од 120.000 евра.

Во листата е вклучен и златен накит проценет на над 40.000 евра, како и икони со благородни метали вредни околу 20.000 евра.
Извор: 24инфо.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...