27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаПозади Фб страната Библиска Македонија се криеле велешани кои продавале молитви !!!

Позади Фб страната Библиска Македонија се криеле велешани кои продавале молитви !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приведен измамник од Велес, на интерет продавал наводно благословени предмети

<

На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до 20.05.2025 на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков. Исто така, според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов од Владиката Јаков. Имено, за теглите пишувало и во комуникација на луѓето им било кажувано дека седеле во манастирот во Ново Село и дека биле благословени од владиката. На тој начин, луѓето се доведувани во заблуда да ги купуваат таквите работи, а дека средствата од продажбата ќе бидат употребени во донации за топол оброк за лица бездомници.
Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за откривање на сторителите, по што, со судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица и СВР Велес извршиле претрес во домот на Д.С.(33) од Велес. При претресот се пронајдени и одземени пет мали тегли со пишан цитат од библијата и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Д.С. е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор. На 21.05.2025 во СВР Велес била повикана и Р.С.(27) од Велес, сопруга на Д.С., со која бил извршен разговор во врска со делото.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Д.С. и Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...