23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес е Св. Никола летен- Празник на пренесување на моштите на...

Денес е Св. Никола летен- Празник на пренесување на моштите на светиот Чудотворец од Мир во Бари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Освен зимскиот празник Свети Никола нашиот народ празнува и друг празник посветен на свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликијски. Тоа е празникот Свети Никола – летен.

<

Овој празник повеќе се празнува како селски празник со заеднички празнувања, народни собори, со носење литии (с’крсти) и сл. На овој ден се празнува пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (Ликија) во Бари (Италија). Кога на Блискиот Исток почнал да продира исламот, многу населени места биле опустошени. Заедно со населбите страдале и гробовите на светителите. Меѓу нив била и Ликиската област каде што се наоѓал гробот на св. Николај.

Но Господ сакал моштите на така голем светител да не настрадат и да не бидат подалеку од верниците. Затоа една ноќ на еден праведен свештеник од градот Бари во Италија, му се јавил свети Николај и му рекол да им каже на граѓаните и црковните старешини да ги пренесат во нивниот град моштите што се наоѓат во градот Мир во Ликија. Утредента свештеникот го раскажал својот сон на верниците и црковните лица и сите се радувале што Господ го дарувал нивниот град со светите мошти на свети Николај.

Подготвиле три бродови полни со жито и група верници и свештеници се упатиле кон градот Мир. Таму ги пронашле моштите и на 11 април испловиле од пристаништето, а на 22/9 мај пристигнале во градот Бари во Италија. Во тоа време јужните делови на Италија уште биле православни. На пристаништето се собрале многу верници и со свештениците славејќи го Бога ги пречекале светите мошти, и ги положиле во црквата посветена на св. Јован Крстител што се наоѓала покрај морето.

Уште со првиот допир со светите мошти многу болни примиле исцелување, а за неколку дена оздравеле над сто болни, од различни болести. По три години бил изграден храм посветен на светиот Николај и моштите биле пренесени во тој храм со многу голема свеченост. Тогаш се востановило секоја година на 22/9 мај да се празнува денот на пренесувањето на светите мошти од Мир во Бари, но и од црквата „Свети Јован“ во црквата „Свети Николај – Чудотворец“.

Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“.

Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн.

Помагал на сиромасите и немоќните

По смртта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава. Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари.

Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“

Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...