28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавјанка Петровска се прости од двајцата загинати во сообраќајката со мотоцикл во...

Славјанка Петровска се прости од двајцата загинати во сообраќајката со мотоцикл во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешна министерка во Министерството за одбрана, Славјанка Петровска предмалку се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус по повод жртвите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи деновиве на една од раскрсниците во Скопје кога мотоцикл удри во бетонски ѕид.

<

“Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота.

Македонија
Славјанка Петровска со емотивен статус се прости од двајцата загинати во сообраќајката со мотоцикл во Скопје
Автор:
Деск 4NEWS.MK
25/05/2025 15:40

Пратеничката од редовите на СДСМ, но и поранешна министерка во Министерството за одбрана, Славјанка Петровска предмалку се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус по повод жртвите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи деновиве на една од раскрсниците во Скопје кога мотоцикл удри во бетонски ѕид.

“Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота.

Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот.
Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање.

Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства.
Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир. 💔🕊️”, напиша Петровска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...