18.5 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОфицијално: Актуелниот градоначалник Пецаков најави нова кандидатура !!

Официјално: Актуелниот градоначалник Пецаков најави нова кандидатура !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сакам да ја изразам мојата благодарност најнапред до Вас мои сограѓани за секојдневната поддршка што ја добивам.

<

Исто така сакам да изразам благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за довербата што ја добив да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам.

Драги охриѓани,

Верувам дека довербата која ми ја дадовте во првиот мандат ја оправдав. Верувам дека преку секојдневната отворена комуникација со Вас успеавме да ги решиме поголем дел од проблемите кои со децении тлееа.

Успеавме од најзадолжена Локална самоуправа со посветена и домаќинска работа не само да ја раздолжиме, туку и да биде со позитивна финансиска сметка.

Реализираме капитални проекти кои се од суштествено значење за сите нас, ќе напоменам дел:

➡ООУ „Кочо Рацин“ конечно доби нова училишна зграда,
➡Во Лескоец при крај е изградбата на спортската сала,
➡Успеавме комплетно да реконструираме неколку средни училишта,
➡ Го враќаме препознатливиот стил на градот преку реконструкција со камен шкрилец на тротоарските површини во централното градско подрајчје и со поставување на камена коцка на Булеварот „Македонски Просветители“,
➡Асфалтиравме улици и краци од улици во места каде што се ветувале децении, а никогаш не се реализирале.
➡ Изградивме и реконструиравме водоводни линии и канализациски мрежи онаму каде што беше најпотребно,
➡Градиме прочистителна станица во Трпејца.

👉Оваа низа ќе ја продолжиме со изградба на плоштадот „Крушевска Република“, Катна гаража, реконструкција на улици и краци од улици кои се од круцијално значење за Охрид, реконструкција и изградба на нови водоводини линии и канализациони мрежи во урбаните и руралните средини. Во фаза сме за изградба на нова линија за снабдување на вода на Охрид со што значително ќе се намалат трошоците на јавното претпријатие „Водовод“, а охриѓани ќе добијат поквалитетна услуга. Нов парк ќе се гради на кај „Холандскиот парк“. Продолжуваме со реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Ќе градиме нови улици во руралните кои ќе го олеснат движењето на локалните жители.

Општина Охрид продолжува по веќе трасираниот пат на промени. Заедно со Вас продолжуваме да ја градиме иднината.

Нема запирање!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...