30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката идеологија што доминира уште од комунистичката ера, во која негирањето на постоењето на македонското малцинство и нација, како и третирањето на самата идеја како непријателска кон Бугарија, играат клучна улога. Ова е дел од заклучоците на извештајот за положбата на македонското малцинство во Бугарија во 2024 година на Европската слободна алијанса (ЕФА), партија која ги застапува малцинствата во Европскиот парламент во Брисел. Во насловот на овој извештај пишува дека се поминати 61 година од политиката на негирање, асимилација и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија.

<

Во извештајот се забележува дека и покрај бројните препораки на меѓународни организации за дијалот со македонското малцинство, бугарските власти тоа го одбиваат – пренесе МКС.мк.

„Дијалог меѓу претставниците на македонското малцинство и властите на Бугарија е редовна препорака во извештаите за мониторинг на оваа земја. И оваа година, бугарските власти не презедоа ниту една иницијатива за спроведување на препораките во извештаите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата и Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за национални малцинства за започнување дијалог со малцинството. Спротивно на тоа, тие дури и не одговорија на бројните писмени барања од македонски организации за средби и разговори со бугарските институции.

Во случаите кога наместо барање за средби, властите добија сигнали и жалби, тие или не одговорија, или ги отфрлија (како што направи Комисијата за заштита од дискриминација) или дадоа одговори без никаква содржина. Пример за второто е жалбата на Кирил Тилев до Владата и Народниот правобранител, при што Народниот правобранител во својот одговор само наведе дека покренатите прашања не се во негова надлежност, а тие инаку го следат засилениот мониторинг што го спроведува Комитетот на министри, нешто што не беше покренато во писмото на Тилев. Ваквата практика на одговарање, но не суштински и со заобиколување на барањата за започнување дијалог, е типична во последните години за оваа институција. Генерално сите институции, директно или индиректно одбиваат да почнат дијалог за прашањата за дискриминација и за правата на Македонците во Бугарија.

Реакцијата на институциите на отвореното писмо на Кирил Тилев од 15 февруари 2024 година е многу индикативна. Наместо писмен одговор или покана за состанок со надлежна институција за прашања поврзани со човековите права, Тилев бил повикан во полиција во градот Сандански, му било покажано писмото до Владата и побарано му било да напише изјава, кој е и во која македонска организација е член и зошто го напишал писмото“.

ЕФА заклучува дека ваквата политика на бугарските власти наведува на заклучок дека ситуацијата на Македонците во Бугарија не може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од страна на европските институции.

„Проблемот е многу стар и сериозен и бара итни мерки. Негирањето и дискриминацијата на македонското малцинство е најновата тоталитарна политика во Европската Унија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...