30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонија40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна поддршка сè уште е речиси невидлива, пишува кочанската Канал8.

<

Лекувањето од изгореници бара континуирана нега и скапи медицински средства, а поголемиот дел од трошоците паѓаат на товар на семејствата.

По третманот во болниците низ земјата и во странство, родителите секојдневно ги обезбедуваат потребните материјали и терапија за своите деца. Некои се приморани да ја напуштат работата или да земат боледување, што дополнително ја влошува финансиската состојба.

„Ни беше ветено дека државата ќе ги покрие барем трошоците за престој додека децата беа на лекување во странство, но досега ни тоа не е реализирано. Една специјална лепенка за изгореници чини меѓу 35 и 55 евра, а потребни се неколку неделно. Трошоците се движат до 500 евра месечно – само за материјали“, вели татко на повредена девојка.

Наместо во Кочани, контролите се прават во Скопје, а семејствата ги покриваат трошоците за патување, кои може да изнесуваат и над 100 евра месечно. Некои деца посетуваат и психолози, но таа помош не е покриена од државата. Родителите се и психички истоштени – не само од здравствената битка, туку и од личната загуба, бидејќи некои изгубија блиски во трагедијата.

Од Министерството за финансии соопштија дека од државниот буџет досега се обезбедени околу 500.000 евра, од кои 200.000 се наменети за повредените во странство. Дополнителна поддршка пристигнала преку Црвениот крст, каде се собрани над 100 милиони денари, но родителите велат – помошта е недоволна, нередовна и не стигнува до сите.

Лекувањето, рехабилитацијата и психолошката поддршка, според лекарите, ќе траат најмалку една година, а за многу семејства тоа е товар што едвај го поднесуваат. За нив ова е долга, болна и неправедна борба, во која не се чувствуваат поддржани од државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...