24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНе чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам, посебни моменти од тој случај“, изјави денеска Салиу, кој е еден од осомничените во истрагата за пожарот што ја потресе целата држава
Прашан како тогаш ја коментира истрагата, тој рече дека максимално ја почитува, но и оти се води од општото начело на презумција на невиност
Лично, со душа и со срце и максимално одговорно тврдам дека апсолутно немам вина, вели актуелниот министер без ресор, кој како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување беше опфатен во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.

<

Салиу, заедно со уште неколку лица кои изминатите нешто повеќе од десет години ја вршеа функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување се најдоа осомничени во истрагата, бидејќи Обвинителството се обидува да докаже причинско-последична врска во непостапувањето на оваа институција што придонеле да се создадат услови кои довеле до трагедијата.

Поради потребите на истрагата, министерот без ресор и претседател на партијата Демократска сила на Ромите извесен период помина и во ефективен затворски притвор. Оттаму беше пуштен кон крајот на мај, кога притворот му беше заменет со мерки на претпазливост.

Салиу денеска одржа прес-конференција пред Владата, на која главна тема беше ставот на партијата околу актуелните прашања поврзани со изборниот модел, прашањето што се отвори со условите за учество на независните кандидати и на малите партии на изборите.

Меѓу новинарските прашања, иако надвор од темата на прес-конференцијата, беше и тоа дали актуелниот министер и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување чувствува одговорност за трагедијата.

„Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност, верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам, посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација, јас сум доктор на политички правни науки, 18 години сум бил адвокат, сум работел и по судовите, оставам на совеста на државата да одлучи дали јас имам вина или немам вина. Лично, со душа и со срце и максимално одговорно тврдам дека апсолутно немам вина во тој поглед“,

рече Салиу.
Прашан како тогаш ја коментира истрагата, тој рече дека максимално ја почитува, но и оти се води од општото начело на презумција на невиност.

„Односно дека сè додека не се докаже дека некој е виновен и не се осуди, значи е невин“,

кажа министерот без ресор и ексдиректор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Извор 360 степени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...