23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено и вистински не говореа за младите, за тоа што е потребно да направиме за да тие вистински бидат среќни. Но и никогаш не ги слушаа што тие ни кажуваат, и тогаш кога многу работи укажуваа. Најголемиот неуспех на една држава се случува кога ќе згаснува жарот на младоста, кога младите ќе се уморат долго чекајќи да бидат слушнати и никогаш нема да дојде нивното време. Тоа што младите си одат од Македонија не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле. Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. Затоа си одат професори, доктори и луѓе на кои не им е најважна платата, туку иднината која не ја гледаат тука, системот кој ги изневерил многу пати порано. Затоа што нивните сонови беа уништувани системски и многу долго. Да погледнеме на вистината во очи. Имаме загубени генерации, рече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски на 34 Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

<

-Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат. И ова не е неуспех на еден човек, или само една генерација кои воделе политика во Македонија, туку заедничко потфрлање на сите до сега, кои не обрнаа внимание на младите, кои систематски со неспособност, криминал и корупција го уништуваа системот. Кој не дозволија сонот да стане реалност. Кој секоја желба и мотив ја разградуваа со колективните грабежи, со рушење на системот, со некадарност и грубо префрлање на вината. Загубените генерации не потсеќаат на времето и не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни, изјави Мицкоски.

„Работите можеме да ги смениме само доколку отворено пристапуваме и отворено разговараме. И заеднички се бориме. Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ви ветив чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта.

И знајте – денес не ве повикувам само да се надевате. Ве повикувам да се вклучите. Да се борите. Да се исправите. Затоа што никој нема да ни ја даде иднината на тацна – ќе мора сами да си ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден.

Вие младите не сте само иднината на оваа држава — вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво.

И затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех“, потенцира Мискоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...