25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНаскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски.

<

Андоновски вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат спакувани во апликацијата и ќе може граѓаните да ја покажат за да се легитимираат. Во втора фаза на проектот, како што најави, ќе биде овозможено и електронско потпишување и целосна биометриска верификација.

– Добивме позитивен одговор од програмата „Дигитална Европа“, реализацијата требаше да започне во јануари 2025 година, но поради интерни процедури во Европска Унија почетокот беше највен за јуни 2025 година и ние подготвувајќи се, ја имаме модел-верзијата на апликацијата – изјави Андоновски, посочувајќи дека станува збор за проект што е меѓународно партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, заедно со програмата „Дигитална Европа“ од којашто добивме грант од над еден милион евра.

Андоновски, најавува дека на дигиталниот самит што ќе се организира во Скопје на 1 и 2 октомври годинава ќе биде промовирана тест-верзијата или демоверзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат.

Апликацијата, посочи Андоновски, засега ќе чини бесплатно затоа што добивме грант од над еден милион евра од „Дигитална Европа“ од ЕУ и дополнително средства за развој на порталот за услуги, на којшто оваа апликација му е практично близнак.

Во првата фаза, според Андоновски, граѓаните нема да имаат никакви трошоци, додека во следната фаза кога ќе се вклучи дигиталниот потпис, биометриската верификација, може да се појавуваат некакви трошоци.

Андоновски, меѓу другото, посочува дека новиот закон за сајбер безбедност ќе ги зајакне институциите во превенција од хакерски напади, посочувајќи дека законот предвидува формирање неколку тела – Национален координативен совет за сајбер безбедност, Сектор за сајбер безбедност (во МДТ) и владин центар за одговор на инциденти.

Прашан дали Владата планира носење регулатива за криптовалути, Андоновски, вели дека иднината на финансискиот сектор се криптовалутите и доколку светот се движи во оваа насока, земјава нема друга опција освен да размислува за регулација.

Според министерот, земјава е соочена со два предизвици во моментов – едниот е да се прифати реалноста и да се признае дека криптовалутите постојат и се тргуваат во Македонија, а другиот е дека преку исполнувањето на целите на Реформската агенда се движи кон Европската Унија и оти треба да се следи регулативата на Унијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...